July 24, 2024

Кои овоштија и зеленчук има најмногу пестициди?

Доколку не е покриен со карамела или е дел од некоја пита преполна со шеќер, многу е тешко да помислите дека јабокото не е добро за нашето здравје, меѓутоа, можеби би требало уште еднаш да подразмислиме кога ова тврдење е во прашање.
Непрофитната организација Работна група за човекова средина објавила листа на овошје и зеленчук кои содржат најмногу пестициди. Пестицидите се поврзани со бројни здравствени проблеми, посебно со оние што се однесуваат на развојот на децата.

Тие исто така се канцерогени и го нарушуваат односот на хормоните во телото, судејќи според Агенцијата за заштита на животната средина во Америка.
Погледнете ја листата на овошје и зеленчук кои содржат најмногу пестициди:

Јаболки Тестираните примероци на јаболки покажале траги од пестициди во 99 отсто случаи.
Јагодите се нашле веднаш под јаболката според количината на пестицидите која што е присутна.
Во само едно зрно грозје се пронајдени 15 различни пестициди.
Во примероците на целерот се пронајдени 13 различни видови пестициди.

Праски Тие според бројот на пронајдени пестициди се наоѓаат на петто место.
Спанаќот е исто така мошне изложен на пестициди.
Црвена пиперка – бабура Во овие пиперки се пронајдени дури 15 различни видови пестициди.
Секој примерок од нектарините увезени во Америка бил позитивен на пестициди.

Краставицата се нашла на деветото место кога е изложеноста на пестициди во прашање.
Просечен компир има значајно поголема количина пестициди по тежина од кој било друг вид овошеј и зеленчук.
Шери домати Шери доматот бил позитивен на 13 различни видови пестициди.

Извор: плус инфо

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *