July 24, 2024

Откриено што јаде Ана Винтур за ручек и светот е во шок!

Можеби никогаш не сте се запрашале што јаде за ручек Ана Винтур, најмоќната жена во светот на модата. Уредничката на „Вог“ има 72 години и изгледа витално и свежо, многумина би и дале помалку години отколку што е. Нејзината нова биографија открива што јаде за ручек и светот е изненаден!

Ана Винтур (72), пишува во својата биографија, секој ден во канцеларија јадела исто за ручек. Станува збор за стек од њујоршкиот ресторан „The Palm“ со капрезе салата без домати

Да, иако салатата Капрезе обично се прави од домати и сирење од моцарела, Винтур изгледа не ги „милува“ доматите, па секогаш барала да не и сервираат кога и го носат ручекот.

И секој ден, открија нејзините соработници, таа за овој ручек плаќала по 77 долари или околу 73 евра, бидејќи се работи за елитен ресторан во Њујорк.

Многумина се изненадени затоа што сметаат дека салатата капрезе, која е омилено едноставно италијанско јадење, е „сквернавена“ со отстранување на најважната состојка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *