July 24, 2024

Често се будите со затнат нос , а не сте настинати, не страдате од алергии, секогаш добро ја проветрувате просторијата пред спиење и воздухот во неа никогаш не е сув? Се прашувате што се случува и како да се ослободите од оваа повеќе од непријатна ситуација.

Верувале или не, причината може да биде храната. Ако доцна сте јаделе обилен оброк, зачинети јадења или само малку кисело овошје – тоа може да ви се одмазди наутро.

Виновникот често е гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ или ГОРД) или киселина која додека лежи, патува таму каде што не треба – кон вашиот нос и синусите.

Оваа болест, на која најмногу се подложни дебелите луѓе, трудниците, пушачите и оние кои земаат одредени лекови, многу лесно може да предизвика пост-назален секрет, односно кога слузта од носот ви тече низ грлото. Покрај затнат нос, се манифестира и со хронична кашлица (од 25 до 40 проценти од случаите се регистрирани со хронична кашлица), како и чувство на стегање во горните дишни органи.

Покрај споменатите симптоми, со текот на времето можете да почувствувате и знаци како болка при голтање, зголемена саливација, губење на тежината, лош здив, сува уста и болка во градите.

Затоа, за да се ослободите од затнатиот нос наутро, лекувајте го рефлуксот! Вашиот лекар ќе одреди што е најдобро за вас, без разлика дали терапијата вклучува контролирана диета или лекови.

За почеток, за да избегнете проблем кој погодува милиони луѓе ширум планетата, многу е важно да се следат едноставни правила: не јадете непосредно пред спиење, избегнувајте алкохол, киселини, зачини и мрсна храна, носете пижами што нема да ви затегнат.

Посебно се препорачува да не се наведнувате долго пред спиење (тоа ќе го засили непријатното чувство) и да не лежите рамно. Направете сè што е кажано, поткренете ја главата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *