July 23, 2024

Нема ништо подобро од тоа кога цела куќа мириса на вкусни и меки домашни крофни.

Доколку ви се допаѓа мирисот и вкусот на вистински домашни крофни , сигурни сме дека овој рецепт веднаш ќе го запишете во вашата книга.

Најубави се оние со шеќер , но можете да ги наполните и со крем, чоколадо или џем по ваш вкус .

Еве како да ги направите меки и шупливи.
Неопходно е:5 чаши брашно, 2 чаши млеко, 1 лажица шеќер, 50 мл масло, 3 јајца, 1 квасец, прстофат сол, шеќер во прав.

Подготовка: Издробете го квасецот и додадете го во топлото млеко. Потоа додадете шеќер, јајца и масло. Изматете го убаво, па постепено додавајте брашно и сол и убаво изматете со жица за матење.

Оставете околу половина час, па добро замесете тесто. Расукајте со сукало. После тоа се вади со чаша и се пржи на умерена температура.

Посипере со шеќер во прав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *