July 25, 2024

Кога сакате да изгубите тежина, обично гледате да се храните што е можно поздраво и добро во тој период. За повеќето луѓе најтежок е делот да се откажат од слатките.

На сите ни е јасно дека слатките производи логично се полни со шеќер , но и со транс масти, кои не се добри за нашата витка линија или здравје бидејќи можат да доведат до дијабетес.

Кога нашата потреба за слатки станува толку честа, нашето тело ни испраќа сигнал дека е време да се исчистиме од шеќерот. Покрај тоа, други сигнали дека на вашето тело му треба „чистење“ од слатки се:

Откако ќе почнете да јадете слатки, не можете да престанете – Имате огромна желба да јадете нешто слатко после секој оброк – Имате високи нивоа на шеќер во крвта кои често флуктуираат

Ако сакате да ја намалите потребата за шеќер, обидете се да ги пиете овие чаеви:
Зелен чај Го промовира производството и активноста на норепинефрин, кој игра важна улога во метаболизмот на мастите во телото. Затоа е главната состојка во многу тинктури кои помагаат во согорувањето на мастите и слабеењето. Освен тоа, овој чај поволно делува и на дигестивниот тракт, односно го подобрува варењето, но и исфрлањето на вишокот течности од организмот. Позитивно влијае на кардиоваскуларниот и респираторниот систем.

Чај од ѓумбир. Одличен диуретик кој содржи многу антиоксиданси, промовира елиминација на вишокот течности и може да ја намали желбата за слатки. Ѓумбирот содржи над 100 биоактивни соединенија, минерали, витамини Б6, Б12, магнезиум, натриум, калциум, железо и други елементи.

За да го одржите нивото на холестерол во посакуваните граници, пијалокот од ѓумбир може значително да ви помогне. Најважно е навреме да го забележите проблемот со шеќерот и да направите детоксикација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *