July 25, 2024

Дали некогаш сте се запрашале што прави мувата кога ќе слета на вашата храна?

Една неодамнешна анкета ги праша учесниците следново: „Ако сте во ресторан, кој инсект ќе ве натера да ја спуштите вилушката: глодари, лебарки, муви, мравки или змии?“

Дури 61 отсто од испитаниците избрале бубашваби. Но, научниците предупредуваат дека мувите се всушност двојно поризични кога станува збор за пренесување на бактерии – особено злогласните домашни муви кои тешко се убиваат.

Која е науката зад ова? Па, мувите јадат некои од најодвратните работи на светот: измет, ѓубре , гнили животински трупови.

Друг факт за мувите е дека тие не џвакаат, туку ги плукаат своите ензими врз храната. Ова ја разградува храната и потоа ја цицаат.

Иако ова е најстрашното нешто што може да се замисли, бактериите и вирусите се тие што се „закачуваат“ за нивните тела тие што можат да ве заразат, а не нивната ензимска плунка.

Сè што треба да направат е само една секунда да ја допрат вашата храна со нозете, а ситните влакна на нив ќе ги пренесат бактериите од сите оние непријатни работи што ги јаделе на она што вие го јадете.

А бидејќи мувите носат сериозни, заразни болести како колера, дизентерија и тифус, веројатно е најдобро да избегнувате да јадете работи на кои слетала мува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *