July 25, 2024

Кога сакате да ја вратите силата и енергијата, првиот чекор е органска детоксикација со цел да ги исфрлите насобраните токсини и да му дозволите на телото да работи непречено, а во овој случај ќе почувствувате олеснување.

Започнете со пијалок кој е совршен за овие денови. Се работи за лимонада, но не и обична лимонада.

Лимонадата е омилениот летен пијалок на многумина, освежителен е и многу вкусен, но кога ќе додадете активен јаглен во него, добивате совршен напиток за оживување на целото тело.

Токму поради активниот јаглен овој пијалок има црна боја, а вкусот останува непроменет. Црната лимонада ќе го исчисти телото од токсини, ќе го исчисти црниот дроб и ќе го намали холестеролот. Помага при надуеност, гасови и аерофагија (несвесно голтање воздух додека јадете), како и кај проблеми со кожата.

Ја регулира работата на дигестивниот тракт, а со тоа го забрзува метаболизмот, што доведува и до губење на тежината. Активниот јаглен се добива со деструктивна дестилација на материјали од разни растенија и кора од кокос и има впивачки својства, поради што ги отстранува штетните материи и токсините од телото.

За подготовка ви треба: Сок од половина лимон или лимета Чаша минерална или кокосова вода, половина кафена лажичка активен јаглен

Додадете сок од лимон и прав од активен јаглен во водата. Добро измешајте и напитокот е готов.
Пијалокот се пие еднаш неделно и не почесто од тоа.

Забелешка: Оваа лимонада може да го намали ефектот на лековите. Затоа, доколку земате некои лекови, треба да внимавате на двочасовниот интервал помеѓу земањето на лекот и пиењето црна лимонада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *