July 26, 2024

Веројатно мислите дека знаете како да ја миете постелнината и каква мудрост може да биде тоа сега, но исто така не мислите дека еден едноставен трик може да ви го промени мислењето.

На сметката TikTok е објавено видео кое воодушеви повеќе од милион луѓе, кое е посветено на трикови за чистење на домот и организацијата.

На видеото се гледа жена која пред да ја стави постелнината во машината за перење, во детергентот додава ¼ шолја сода бикарбона, исто толку оцет и пет капки есенцијално масло од лаванда.

Инаку, едно неодамнешно истражување ја откри страшната вистина за тоа колку често луѓето ја менуваат постелнината – и се покажа дека дури една третина од нив тоа го прават само еднаш годишно!

Експертите, пак, посочуваат дека постелнината се препорачува да се менува еднаш неделно, бидејќи на неа се собираат бактерии, парчиња кожа, габи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *