July 26, 2024

Вака обично изгледа првиот час од животот на бебето

Шведските научници набљудувале 28 бебиња по раѓањето за да видат низ какви промени поминуваат на самиот почеток од својот живот. Истражувањето е објавено во научно списание, а покажало дека новороденчињата се однесуваат инстинктивно, кога се препуштени на првите слободни движења на телото и првиот контакт со мајката.

Ова се некои од промените кои им се случуваат на бебињата во првите минути од нивниот живот.
Втора минута: Бебето се смирува, одмара – по можност на градите на мајката. 2.5. минута: Бебињата за прв пат ги отвораат очите и постепено почнуваат да ги движат главите и усните.

Осма минута: Бебињата стануваат поактивни – долго ги држат очите отворени. Гледаат во очите и градите на мајка си, со плачење покажуваат дека се гладни и ги вперуваат рацете кон усните.

Осумнаесета. минута: Детето повторно одмара по овие движења. 36. минута: Бебињата почнуваат да го користат сетилото за мирис, се уште ги интересираат градите на мајката.

62. минута: Време е за првото доење! Бебињата пијат колострум – првото мајчино млеко, кое содржи бројни хранливи материи и молекули кои го зајакнуваат имунолошкиот систем. Ова рано цицање го стимулира производството на млеко и и помага на матката што побрзо да се врати во претходната состојба. 70. минута: Бебињата заспиваат и добиваат заслужен одмор.

Треба да се напомене дека ова истражување е спроведено на мал примерок од деца во Шведска. Во оваа земја е можно бебињата да имаат можност да се одморат на градите на својата мајка и да уживаат во нејзиното прво млеко, што не е привилегија на новороденчињата во целиот свет.

Сепак, овие резултати се сметаат за сигурен показател за инстинктивното однесување на најмладите. Авторите на истражувањето истакнуваат дека времето варира од бебе до бебе, а наведените минути се истакнуваат како просечни вредности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *