July 26, 2024

Погледнете како изгледаат најубавите сопруги на арапските шеици!

Тие главно се во сенката на нивните многу богати и моќни мажи, а се вели дека живеат во златен кафез – имаат се освен слобода. Можеби некогаш ова беше вистина, но денес сопругите на арапските шеици се еманципирани, образовани, општествено ангажирани и не ја кријат својата убавина под хиџабот…
Овие пет дами се сметаат за најубави сопруги на шеици:

Шеика Моза Бинт Насер Ал-Миснед

Шеиха Моза е мајка на седум деца и втора сопруга на третиот емир на Катар, шеикот Хамад бин Калифа ал Тани. Таа во светот е позната како модерна и образована жена која се противи на полигамијата и семејното насилство.

Скапа брендирана облека, модерна шминка, луксузен накит – Моза не ги крие овие работи од јавноста. Активно учествува во политиката, има голем број национални и меѓународни позиции. Моза е и носител на почесни докторати од реномирани универзитети.

Шеика Хаја Бинт Хусеин Ал Мактум

Принцезата Хаја е втора сопруга на сегашниот владетел на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, а исто така и сестра на јорданскиот крал Абдула Втори. Двојката е во брак 15 години, имаат ќерка и син. Хаја има европско образование, знае неколку јазици, вклучително и руски.

Нејзината страст е коњичкиот спорт, победи на неколку меѓународни натпревари, учествуваше на Олимписките игри. Хаја е социјално ангажирана, присуствува на друштвени настани во убава облека и го промовира својот проект – фонд за борба против гладта во нејзиниот роден Јордан.

Кралицата Ранија Ал-Абдула од Јордан

Претходно таа беше сопруга на споменатиот крал Абдула Втори . Двојката има четири деца, од кои едното е Хусеин, наследникот на тронот. Готви вечера и поминува време со семејството. Поради нејзиниот изглед често ја споредуваат со западни супермодели. Таа е модерна Арапка, нејзината облека не само што е традиционална, туку често ги носи креациите на нејзиниот омилен дизајнер Џорџо Армани. Обожава да носи фармерки и кошули.

Принцезата Дина ал-Џухани Абдулазиз

Дина Абдулазиз е сопруга на саудискиот принц Султан ибн Фахд ибн Насер ибн Абдул-Азиз Ал Сауд, со кого има три деца: ќерка и момчиња близнаци. Ова арапско семејство најголемиот дел од животот го поминал заедно во Њујорк, а потоа се преселиле во Ријад. Принцезата има многу развиен моден бизнис, отвори грст сопствени бутици и често е присутна на светските ревии. Нејзината кратка коса, прекрасната насмевка и совршената фигура ги отфрлаат сите предрасуди за ориенталните жени. Таа беше и главен уредник на првото арапско издание на магазинот „Вог“.

Амира ет-Тавил

Амира е поранешна сопруга на принцот Алвалид ибн Талал. Двојката се разведе во 2013 година (од непознати причини). Тие се запознале кога таа го интервјуирала Алвалид за училишниот весник, а по некое време се венчале. Амира дипломирала на универзитет во САД со диплома за бизнис администрација.

Таа е првата саудиска принцеза која јавно одби да носи традиционална арапска облека на јавно место, а во американските медиуми се залагаше за правата на саудиските жени да возат. Важи за една од најубавите претставнички на Истокот, вклучена е во хуманитарни акции и добротворни проекти ширум светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *