July 25, 2024

Пет години по ред Финска е најсреќната земја во светот, според рангирањето на World Happiness Report.
Финска и нејзините соседни земји Данска, Норвешка, Шведска и Исланд се земјите во кои живеат најсреќните луѓе во светот.

Во текот на истражувањето се разгледуваше сè: од очекуваниот здрав животен век, до БДП по глава на жител, социјалната поддршка во време на пандемија, ниската корупција, дарежливоста и подготвеноста на луѓето да си помагаат едни на други и слободата да се носат клучни животни одлуки.

На второто место на овогодинешното рангирање е Данска, трето е Исланд, а потоа Шведска и Норвешка.
Што не знаевте за Финска? Финска има 187.888 езера – позната е и како земја на илјада езера. Фасцинантно е што овие езера се поголеми од 500 квадратни метри.

Финците ја обожаваат тишината и осаменоста . Кога ќе сретнете некој познаник, сосема е прифатливо брзо да се збогувате и да продолжите по својот пат. Финците исто така природно се држат на дистанца од другите луѓе на јавни места.

Финците сакаат обилен појадок кој вклучува леб, сирење, филета…
Финците се познати и по цртаниот филм Муминс, поради што е отворен забавниот парк Муминс.

Роденденските прослави се многу важни за децата во Финска. Многумина прават две прослави: една за пријателите и една за семејството. Од друга страна, повеќето возрасни имаат тенденција да слават само „големи“ родендени, па дури и тогаш тие имаат тенденција да бидат неформални настани.

Финците сакаат сауни. Проценките велат дека Финците имаат околу 2 милиони сауни во земјата.
Шумите покриваат 74% од целата земја – тоа е површина поголема од Велика Британија или Италија. Заедно со езерата, ова и дава на Финска препознатлив изглед. Бор, ела и бреза се најчестите видови кои се наоѓаат во шумите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *