July 25, 2024

Брадавиците се непријатни израстоци кои се појавуваат на кожата и најчесто се предизвикани од вирусни инфекции. Најчесто се појавуваат на рацете, дланките, прстите, нозете, во пределот околу вратот, а има и случаи каде брадавиците се појавуваат на гениталните органи, од каде многу тешко можат да се отстранат.
Постојат повеќе медицински начини за отстранување на брадавиците, на најчесто поголемиот дел од нив или се неуспешни или пак се болни и многу непријатни.

Природата во изобилие ни дала најразлични тревки и растенија со чија помош може да се реши проблемот со брадавиците.
Природниот начин на лекување секогаш е подолготраен од медицинскиот, но затоа пак со него се избегнуваат сите непосакувани болни и непријатни моменти и на некој начин е гаранција дека брадавицата повторно нема да се појави или прошири.
Во продолжение информирајте се кои тревки можат да се употребат како лек за брадавици, а ако веќе имате на вашето тело, пробајте ги овие природни лекови, бидете упорни и очекувајте позитивни резултати.

Лук-Свежо чешне лук исечкајте го на ситни делови и ставете го директно на брадавицата која претходно треба да ја намачкате со несолена свинска маст. Над лукот ставете фластер и постапката повторувајте ја неколку денови со ред.

Лушпа од банана-Исечете мало парче од лушпа од банана и со внатрешната страна прекријте ја брадавицата. Над лушпата ставете фластер и постапката се повторува додека брадавицата не исчезне.

Сок од глуварче-Прекршете го кревкото стебленце на глуварчето и со белата течност премачкајте ја брадавицата а над течноста ставете фластер. Постапката се повторува до исчезнување на брадавицата.
Кора од брезово дрво
Мало парче од кората од брезата се поставува директно врз брадавицата и местото се прекрива со ткаенина или со фластер. Постапката се повторува неколку пати.
Смоква-Сокот кој го испушта растението смоква многу успешно помага за отстранување на брадавицата. Со него редовно неколку дена треба да се премачкува местото и да се става фластер.

Босилек-Изгмечете неколку листови од оваа ароматична тревка и со нив директно тријте го местото со брадавица. Можете листовите да ги ставате директно на брадавицата и местото да го превиете со завој.
Кантарион-Подготвен како сируп (30 гр. цветови да вријат половина час на тивок оган со една чаша маслиново масло, да отстојат 2 часа и да се процеди течноста). Од добиениот сируп се става како облоги над брадавиците онолку дена колку е потребно сѐ додека брадавиците не исчезнат.

Компир и кромид-Со свежо пресечен компир се протрива местото неколку пати во текот на денот, најмалку две недели со ред. Исто и протривање со свежо пресечен кромид е одличен лек против брадавици.
Плунка-Можеби ќе ви звучи неверојатно но од сопствено искуство ви кажувам дека делува. На утро веднаш штом ќе се пробудите пред да станете од креветот навлажнете го прстот со плунката која се берела во текот на ноќта во устата и премачкајте ја брадавицата. Повторете ја постапката неколку дена (мене ми беа потребни три) и ќе бидете изненадени од брзите резултати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *