July 14, 2024

Апсорбира речиси 100% од светлината и на тој начин изгледа како „црна дупка“. За сè се заслужни „Koyo Orient Japan“, који нудат „Musou“ црна боја, пишува Index.hr.

Тоа е најцрната нијанса на акрилна боја на база на вода и стои веднаш до нијансата „Vantablack“ што „BMW“ ја претстави на саемот во Франкфурт со нанесување на „BMW X6“.

„Musou“ црната боја апсорбира 99,4% од светлината, поточно рефлектира само 0,6% од светлината.

Произведена е во 2020 година, а сега на некој му текнало да ја примени таа боја на Порше 911. Како изгледа во сообраќајот е прикажано во видеото.

Во секој случај, овој автомобил не е паметно да се вози ноќе.

За потсетување, „Vantablack“ бојата на „BMW“ е уште поцрна. Имено, таа апсорбира дури 99,96% од светлината, но не е комерцијално достапна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *