July 24, 2024

Откако нејзините родители ја продале приколка, едно десетгодишно девојче од Австралија им напишало слатко писмо на новите сопственици и го оставила во фиока до нејзиниот кревет заедно со прекрасна бела нараквица.

Пронајденото писмо гласи:Здраво, јас се викам Попи и имам 10 години. Ова порано беше наш караван и со него патувавме повеќе од половина Австралија. Ова беше мојот кревет (горниот кревет) и беше многу добро.

Попи објаснила дека фиоката ги чувала сите нејзини посебни работи, кои не можела да ги остави зад себе за време на патувањето.

Се надевам дека ќе уживате во овој кампер и имам порака за вас: „Следете ги вашите соништа и ако се двоумите дали сте биле во право или љубезни, изберете љубезност.

Не е чудно што семејството од Бризбејн, кое го купи овој караван, реши да ја сподели нејзината порака на Фејсбук, каде собра повеќе од 90.000 лајкови, а воодушевените следбеници коментираа дека Попи е легенда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *