July 25, 2024

Секој пол има свои предности, еве неколку интересни причини зошто е подобро да се биде жена.
Тие можат да прават повеќе работи во исто време. Мажите им ја отвораат вратата, а не обратно.

ПМС е добар изговор за лошо расположение или главоболка, како и за „малтретирање“ на дечко или сопруг.
Со „нула“ денари можат да излезат во кафуле и да најдат некој што ќе им ги плати пијачките.

Кога жената плаче, околината ја смета за чувствителна. Човекот што плаче е „плачко“.
Секогаш е подобро да си „ќерка на тато“ отколку „син на мама“.

Кога се на состанок со досаден тип, можат неодредено да останат во тоалетот „средувајќи си ја шминката“.
Секоја модна сезона е радосен настан.

Тие можат да гушнат пријател без никој да мисли дека им се допаѓа спротивниот пол.
Сигурно знаат дека се мајки и без ДНК анализа.

Можат да користат сексапил за да не чекаат ред. Чоколадото решава многу од нивните проблеми.
Кога се во „машки професии“ ги сметаат за храбри.

Со шарм и солзи можат да ја избегнат казната за брзо возење. Ниските жени се „џебна Венера“, а ниските мажи се само ниски.

Тие можат да гледаат фудбалски натпревар со ладна глава. Имаат коса и во подоцнежните години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *