July 24, 2024

Во повеќето англосаксонски земји е вообичаено деверушите да носат исти фустани.
Сепак, вистинската причина не е естетска.

Очигледно, овој обичај влече корени од времето на старите Римјани.
Во периодот кога заживеаја масовните свадбени церемонии, најчесто со многу гости, деверушите, за разлика од денешните, носеа фустани во иста боја како и невестата.

А причината е сосема необична – деверушите биле живи мамки! Идејата била на овој начин да се заштити невестата од зли духови, а во повеќето случаи, многу поголем проблем бил љубоморното поранешно момче.

И додека злиот дух, или исто толку незгодно поранешно момче, гледа куп девојки во исти фустани, невестата и младоженецот имаат доволно време да ја завршат свадбената церемонија.

Затоа, сосема е јасно дека во времето на антички Рим, поканата да се биде деверуша на нечија свадба била прилично ризик.

Тоа е сосема поинаква асоцијација во однос на романтичното прикажување на деверушите во филмските комедии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *