July 23, 2024

Време е за брза акција и ефикасни решенија, бидејќи ако не сте почнале навреме да вежбате и да се храните здраво, тешко дека ќе успеете да ги решите сите проблеми со тежината за неколку дена пред море.

Овој пијалок ќе делува брзо и ќе помогне да се ублажи видливоста на „кора од портокал“.
Секое утро, наместо редовен појадок, треба да пиете антицелулитен шејк неколку дена. Напитокот ќе ве енергизира, ќе го прочисти вашето тело, ќе го ослободи вишокот вода и ќе ви ги ублажи „дупките“ на нозете. Потребни состојки за овој навистина магичен пијалок: вода, грст спанаќ, половина банана, половина портокал, неколку прстени ананас, малку цимет. Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете напиток.

Спанаќот е одличен извор на железо и влакна. Го забрзува варењето и на тој начин помага за исфрлање на штетните материи од организмот.
Портокалот е богат со вода, витамин Ц, влакна и антиоксиданси и е добар за сјајот на кожата.

Ананасот има диуретични својства, помага во борбата против задржувањето на течности во телото и содржи антиоксиданси кои прават кожата да изгледа здрава и затегната.

Бананата е полна со калиум и е добар извор на витамин Б6 и диетални влакна, витамин Ц и манган. Помага и против задржување на течности.

Циметот ја поттикнува циркулацијата, а сите знаеме дека целулитот најчесто е предизвикан од проблеми со циркулацијата.
Водата е исклучително важна во борбата против целулитот бидејќи ги отстранува штетните материи и насобраните течности од телото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *