July 25, 2024

Актерот Кијану Ривс веќе неколку пати ја воодушеви јавноста – пред се со својата скромност -се вози во јавен превоз, а потоа со великодушност – голем дел од хонорарите ги донира во добротворни цели.

Неговите објави на Фејсбук се многу популарни , а еве една која од поодамна се споделуваше но сеуште кога и да се прочита буди емоции:

„Не можам да бидам дел од светот каде што мажите ги облекуваат своите сопруги за да покажат сè што треба да биде скапоцено. Каде што нема модел на чест и достоинство и каде што не можеме да се потпреме на оние кои велат „Ветувам“.

Каде што жените не сакаат деца, а мажите не сакаат семејство. Каде што будалите веруваат дека се успешни во автомобилите на нивните татковци, а каде татковците имаат мала моќ и се обидуваат да докажат дека сте никој и ништо.

Онаму каде што луѓето лажно изјавуваат дека веруваат во Бог со чашка ракија во раката и со недостиг на разбирање за својата религија.

Каде што љубомората се смета за срамна, а скромноста е мана. Каде што луѓето заборавиле на љубовта , но бараат совршен партнер.

Каде што момчињата ги трошат парите на своите родители во ноќни клубови, имитирајќи примитивни звуци, а девојките поради тоа се заљубуваат во нив.

Каде што мажите и жените одамна не се различни и каде сето тоа се нарекува слобода на избор, но оние кои избираат поинаков пат се жигосани како ретардирани насилници?

Го избирам својот пат, но штета што не наоѓам разбирање кај луѓето меѓу кои најмногу сакав да го најдам“, напиша пред неколку години актерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *