July 26, 2024

Погребот во Перу беше драматично прекинат откако се слушна „тропање“ од ковчегот.
Семејството на Роза Изабел Сеспедес Калака се собра во градот Ламбаек за да и оддаде последна почит на 26 април.

Роза е прогласена за „мртва“ по сообраќајна несреќа на регионалниот пат Чиклајо-Пици, во која загинал нејзиниот зет, додека нејзините внуци се здобиле со тешки повреди, пренесува Метро.

Во несреќата загинал нејзиниот зет, а тешко се повредени нејзините внуци.
Таа беше прогласена за „мртва“ по страшната несреќа, а подоцна беше ставена во ковчегот во кој требаше да биде погребана.

Но, кога нејзините роднини ја подигнале дрвената конструкција на рамениците, почнале да слушаат чудни звуци.
Тие го спуштија ковчегот и го отворија капакот и најдоа слаба, но жива Роза како зјапа во нив.

Чуварот на гробиштата Хуан Сегундо Кахо рече: Ги отвори очите и се препоти. Веднаш отидов во мојата канцеларија и повикав полиција.

Шокираните роднини ја однеле Роза, сè уште во ковчег, во болницата Ференафе во Ламбаек.
Таму било откриено дека Роза е во лоша здравствена состојба, била прикачена на уреди за одржување, но нејзината состојба се влошила и починала само неколку часа подоцна.

Нејзиното семејство кое двапати мораше да се збогува со неа, сега бара одговори.
Тие изразија огорченост кон раководителите на здравството поради тоа што таа воопшто е прогласена за мртва.

Еден од роднините изјави за локалните медиуми во Ламбаек:

„Сакаме да знаеме зошто вчера реагираше мојата внука, кога ја однесовме на погреб. Имаме видео снимки како таа го турка и допира ковчегот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *