July 25, 2024

Технологијата ни даде неверојатни можности за комуникација кои беа научна фантастика со децении. Технологијата, а особено телефоните, не поврза и не раздели повеќе од кога било.

Колку пати сте виделе пар на вечера како пишува на мобилен додека чека наместо да разговара?
Истото се случува и со родителите и децата. Колку можности за играње со децата пропуштаат родителите поради читање вести и статус на социјалните мрежи?

Еден блогер го сподели своето искуство и лекција предизвикувајќи ги родителите да не дозволат нивните мобилни телефони да влијаат на грижата за нивните деца.

„Не дозволувајте да бидете лош родител поради телефонот. Бев дома со моите синови и на Фејсбук се обидував да останам во контакт со надворешниот свет.

Пред мене дојде синот. На почетокот не го ни забележав, но ми беше јасно дека сака да го привлече моето внимание. Се обиде да ми покаже еден од неговите автомобили. Не го ни кренав погледот од мобилниот, туку му реков „леле душо, навистина е добар“. Тој продолжи да стои покрај мене. Тој рече „здраво“. Му одговорив „здраво“ неколку пати, но тој не сакаше да престане. Зеде друга играчка и се обиде да ми го привлече вниманието.

Бев „премногу зафатен“ за да го погледнам. На крајот, го кренав погледот и реков: „Дете, тато е зафатен“. Оди играј си со брат ти“. Ја напушти собата и тивко отиде да си игра во друга соба со брат му. Продолжив да читам Фејсбук. Се врати и се случи истото.

Не сум го видел два дена поради работа. Му беше досадно и му недостасував, а само го сакаше моето внимание. Но, јас бев „премногу зафатен“ за да го погледнам. И го избркав.

Брзо го сфатив ова и го оставив мобилниот телефон. Се чувствував ужасно. Се однесував како татко што не сакав да бидам. Доста ми беше, па отидов во собата и си играв со него. Очината му светнаа, рече „одлично“ и го исчисти подот за да можам да седнам до него. Игравме цел ден, а мобилниот остана во фиоката.

Тоа беше пред еден месец. Си ја дадов потребната пауза и тоа беше мојот најдобар месец со моите синови.
Не можам да објавувам секој ден, понекогаш не сум на мобилен со денови. Но, не ми пречи.

На децата воопшто не им е гајле за светот. Сè што им е важно е да бидете со нив. Мораме да ги чуваме нашите мобилни телефони во фиока кога поминуваме време со нашите деца“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *