July 24, 2024

Пред неколку години, брат и сестра преживеале драма додека си играле надвор. Имено, тие биле во шумата во близина на нивната куќа во Ескдејл, Австралија и не ни помислувале дека од сигурна смрт ги делат неколку сантиметри.

Нивната мајка Алана потоа ги фотографирала,да им остане фотографија како сувенир, а кога подоцна ја погледнала сликата се запрепастила од страв.

Десно од ногата на нејзиниот син се наоѓала источната кафена змија, едно од најопасните отровни животни во светот.

Овој вид може да предизвика срцева слабост неколку минути по каснувањето и е одговорен за 41 процент од смртните случаи од каснување од змии во Австралија.

Таа е втора најотровна змија во светот, по тајпан кој живее во источна Австралија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *