July 26, 2024

Здравко Чолиќ со години е во хармоничен брак со Александра, но пред тоа ја сакаше сараевската актерка Јасна Орнел Бери (67). Таа беше негова голема љубов, а тој се заљуби во неа на прв поглед.

Тоа беше во 1970-тите во Сараево, каде што и двајцата живееја во тоа време. Се запознавме многу млади, многу одамна. Отидовме во Скендерија, во Домот на млади, кој собираше таленти, а имаше не само пејачи, туку и актери, сликари…

Се дружевме и таму за прв пат се заљубив . Сите имаме први љубови и тој секогаш ќе има еден дел во моето срце кој е резервиран само за него. Посебно затоа што имав прекрасно искуство кое ќе го паметам цел живот – изјавила актерката за босанските медиуми.

Секој тргна по својот пат, но по војнаtа повторно се сретнаа, овој пат во Белград. Според актерката, средбата била многу емотивна . Таа за Здравко рече дека е добар човек и дека е полн со позитивна енергија и додаде:

Toa sе уште е љубов, иако не можеш да помилуваш и да се држиш за рака. Здравко секогаш ќе остане сечиј и ничиј. Пред се, тој е добар човек. Чола ја посвети песната „ Ноќта ми тe должи мене “ – заклучила актерката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *