July 24, 2024

Тој призна дека искрено бил изненаден од ваквиот потег на постарите кои решиле да се опуштат вечерта.
Сцената од ресторан во Шпанија го трогна келнерот, но и сите оние кои ја гледаа неговата објава на социјалните мрежи.

Имено, девет пензионери направиле сметка од 163 евра, а кога келнерот дошол да наплати, нашол лист на кој без телефон и дигитрон, постарите ја поделиле сумата на еднакви делови.

Вака пензионерите ја делат сметката – напишал келнерот Марио Алберто, кој признал дека искрено бил изненаден од ваквиот потег на постарите кои решиле да се опуштат вечерта, но ги покажале и вештините на пресметување без дигитрон.

Многумина, пак, се воодушевени од начинот на пресметување, потпишувањето со хартија и молив, што ретко кој работи во време на телефони и калкулатори.

„Умот им е на друго ниво“, „Не знам дали би знаел да делам со децимали без калкулатор“, „Убаво е што постарите луѓе го користат овој метод на пресметка за да си го одржуваат умот“, се само некои на коментарите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *