July 26, 2024

Дали оставате неред и пцуете многу? Луѓето околу вас веројатно често ве осудуваат поради тоа. Сепак, новите студии покажуваат дека луѓето кои ги поседуваат овие особини имаат исклучителна интелигенција .

Според психолозите, овие навики се показатели за остар ум и висока интелигенција, пишува „Curios Mind Magazine“.
Неред, нередот најчесто се поврзува со неорганизираност, што резултира со намалена продуктивност. Сепак, психолог од Универзитетот во Минесота открил дека луѓето чиј животен простор е неуреден се поинтелигентни и имаат повисок коефициент на интелигенција .

И навистина, кога вашиот ум се занимава со големи работи, грижата за уредноста е на дното на вашата листа на приоритети. Во некои случаи, неуредната соба може да значи дека сте многу креативна личност .

Доцно будење, Кога останувате будни до доцна и морате да станете рано бидејќи одите на работа , веројатно секогаш сте уморни и затоа луѓето ве доживуваат како мрзелив човек. Имено, станува збор за тоа дека вашиот деноноќен ритам работи поинаку отколку со другите луѓе.

Она што е интересно е дека научниците пронашле врска помеѓу деноноќниот ритам на луѓето и нивните нивоа на интелигенција . Студијата објавена во списанието Psychology Today покажа дека луѓето кои остануваат будни до доцна и се будат доцна наутро имаат повисок коефициент на интелигенција .

Пцуење, Пцуењето отсекогаш имало лоша репутација. Луѓето кои пцујат често се доживуваат како вулгарни и груби. Сепак, студијата спроведена на колеџот Марист во Њујорк го покажа спротивното – луѓето кои често пцујат се поинтелигентни, имаат побогат речник и подобри реторички вештини .

Покрај тоа, тие се поискрени затоа што пцуењето е поврзано со искрени емоции . Тоа значи дека луѓето кои почесто пцујат ќе го покажат своето вистинско лице и ќе изразат искрени чувства .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *