July 24, 2024

Еден белграѓанец, изреволтиран од овој проблем, со кој веројатно често се среќава, дошол до оваа радикална идеја, решил со спреј да ја испрска шофершајбната на овој паркиран автомобил и да напише „Забрането паркирање“.

Неправилното паркирање и арогантното однесување на возачите во главниот град не е реткост и сигурно на секој од нас некогаш му запречило непрописно паркирано возило токму пред влезот на зградата или веднаш до вратата од гаражата, во која не можеме да влеземе, на тротоарот, така што никој не може да помине…

Еден белграѓанец, изреволтиран од овој проблем, со кој веројатно често се среќава, дошол до оваа радикална идеја, решил со спреј да ја испрска шофершајбната на овој паркиран автомобил и да напише „Забрането паркирање“.

Фотографиите од ишараниот автомобил почнаа да кружат на социјалните мрежи, а коментарите на нивните корисници само се нижеа.

Додека едни се заблагодаруваа на дадената идеја, а други ги напаѓаа арогантните возачи, имаше и такви кои се обидоа да го оправдаат овој возач, бидејќи и самите се нашле во ситуација да немаат каде да го остават својот автомобил после долгото кружење.

Не е познато дали овој натпис е напишан со спреј за украсување на прозорци или со вистински автолак, но има и ваков коментар:


„Важно е да се штрекне и да помисли дека следниот пат тоа нема да биде само новогодишен спреј за прозорци“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *