July 25, 2024

Ако ги спуштате ролетните во текот на денот, или за да имате поголема приватност или за да го одржите станот поладен во текот на топлите летни денови, ова треба да го слушнете.

Студијата спроведена на Универзитетот во Орегон, предводена од д-р Ашкан Фахимипур, покажа дека е многу поздраво да се бидат ролетни кренати бидејќи сончевата светлина ги убива бактериите кои живеат во честичките од прашина, а тоа може да го намали ризикот од респираторни проблеми.

Истражувањето е објавено во стручното списание „Microbiome“, а научниците ги изложиле бактериите во домашната прашина во три различни ситуации – темна соба, просторија со природна светлина, а третата соба имала УВ осветлување.

По 90 дена собрале примероци и ги анализирале, со што утврдиле дека постои врска помеѓу изложеноста на светлина и бројот на бактерии во прашината. Бактериите се размножувале многу побрзо (дури 12 проценти) во темни простории. Најмалку бактерии имало во просторијата со УВ светлина (6,1 отсто), а потоа во просторијата со дневна светлина – 6,8 отсто.

Покрај тоа, бактериите пронајдени во темна просторија исто така се поврзани со респираторни проблеми, многу повеќе од оние земени во просторија со дневна светлина.

„Нашата студија го потврди она што древните го знаеле одамна, дека дневната светлина ги убива микробите во честичките од прашина“, вели авторот на студијата д-р Фахимипур.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *