July 25, 2024

Својот лут вкус пиперките го должат на посебната состојка наречена капсаицин.
Лутите пиперки се незаменлива состојка во многу јадења, а малкумина се свесни за лековитите својства што ги поседуваат.

Својот лут вкус пиперките го должат на посебната состојка наречена капсаицин. Колку повеќе капсаицин содржи, толку е по лута пиперката. Капсаицинот им дава на пиперките не само лутина, туку и посебни лековити својства поради кои можеме да ги класифицираме меѓу најздравите намирници во светот.

Доколку сте љубители на зачинета храна, влијаете на вашите најблиски да јадат барем една лута пиперка секој ден, а еве зошто:

Помага при слабеење Дополнително зачинетата храна доведува до губење на тежината. Истражувањата покажаа дека лутите пиперки содржат капсаицин, состојка која му помага на телото да согорува повеќе калории.

Го штити срцето Лутите пиперки штитат од болести на кардиоваскуларниот систем , го намалуваат ризикот од срцев и мозочен удар и ги намалуваат штетните ефекти на лошиот холестерол.

Може да го намали крвниот притисок Научно е докажано дека лутите пиперки го намалуваат крвниот притисок и ги релаксираат крвните садови.

Го ублажува гневот Зачинетата храна го стимулира производството на серотонин, хормон кој прави луѓето да се чувствуваат добро. Затоа е корисен во борбата против депресијата.

Ја подобрува функцијата на црниот дроб Активната супстанција на лутата пиперка позитивно влијае на работата на клетките на црниот дроб со тоа што ја враќа нивната структура, но и го поттикнува исфрлањето на насобраните токсини.

Тие помагаат при дијабетес тип 2 Редовното внесување чили може да спречи дијабетес тип 2. Студијата објавена во списанието American Journal of Clinical Nutrition покажува дека редовното внесување на чили ја намалува потребата на телото да лачи инсулин, кој го намалува нивото на шеќер во крвта после оброк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *