
Марк бил со сопругата во породување и со нетрпение го чекал својот син, или така мислел.




Штом се роди детето, беше многу јасно дека јас не сум таткото. Детето беше црно. Бев апсолутно шокиран. Не само што дознав дека детето кое толку многу го очекував не е мое, туку дознав и дека жена ми ме изневерува – напиша Марк на Редит.




Марк никогаш не помислил дека такво нешто може да се случи бидејќи нивниот брак функционирал толку добро. Како што вели, биле неверојатно блиски, важеле за најдобри пријатели кои делат слични вредности, интереси и хоби. Така, кога Ана неочекувано забремени на почетокот на оваа година, Марк ниту еден момент не се посомнева дека нешто чудно се случува.




Кога дознавме дека ќе имаме уште едно дете, за нас беше изненадување бидејќи мојата сопруга реши да има само три деца иако јас секогаш сакав повеќе. Затоа бевме многу внимателни, но бев воодушевен кога ја слушнав оваа вест – објасни Марк.




Така, Марк бил целосно уништен кога открил дека не само што не бил биолошкиот татко, туку дека и неговата сакана сопруга го изневерувала . Ана запознала маж во клуб каде се опијаниле и имале незаштитен однос. Размениле телефонски броеви за повторно да се видат, но тогаш Ана открила дека е бремена и мажот и го блокирал бројот.




Се обиде да ме смири и ми кажа дека тој ништо не и значи, дека згрешила и дека сака заедно да го воспитаме нашиот син. Но, не можев повеќе да останам со неа – откри Марк.




Дури и родителите на Ана, кои според Марк се отворено раsисти, му понудиле да му платат адвокат за да го добие старателството над децата. Му рекле и дека парите што ги заштедиле за Ана сега ќе одат кај нивните ќерки, бидејќи не можат да се помират со црн внук.




Дури и побараа да го даде момчето на посвојување, што таа го одби. Неколку пати и се заканувале дека ќе ја отстранат од тестаментот доколку не го стори тоа, што на крајот и го направиле бидејќи одбила да го остави синот – рекол Марк.




Марк додал дека не знае дали треба да ја прифати понудата на нејзините родители бидејќи нивните ќерки би имале голема корист од парите.