
Витаминот Б12 има многу важни улоги во телото, вклучително и помагање за производство на црвени крвни зрнца, зајакнување на нервниот систем и борба против замор. Ниското ниво на овој витамин ги забавува овие процеси , што со себе носи одредени последици.




Еден од главните знаци за недостаток на овој витамин во нашето тело е заморот. Долгорочен замор кој не попушта без разлика колку одмор му давате на телото. Тоа може да биде особено изразено наутро, кога ќе се разбудите по добар сон и набргу потоа ќе сфатите дека се уште сте уморни.




Според податоците од истражувањето, 96 отсто од испитаниците пријавиле „невообичаен замор“, додека 86 отсто од нив изјавиле дека „се будат уморни“ . Други показатели вклучуваат глоситис – воспаление на јазикот, губење на косата, или заматен вид.




Најбогатите извори на Б12 се наоѓаат во изворите на животинска храна, како што се месото, рибата, школките, а потоа и во млекото и млечните производи, како и во јајцата.




Постојат и растителни извори на витамин Б12, кои вклучуваат екстракт од квасец, збогатено растително млеко и житарки кои најчесто се консумираат за појадок.