July 15, 2024

Варењето јајце не е филозофија, всушност, тоа е нешто што буквално секој може да го направи во кујната, но кога е во прашање лупењето на лушпата, работите престануваат да бидат толку едноставни и честопати навистина се мачиме да го излупиме без да отстраниме половина од белката од јајцето..

Секако, веќе слушнавме еден куп трикови кои ја олеснуваат оваа работа, но во пракса се покажаа како неефикасни. Сепак, експертите од областа на гастрономијата по неколку тестови дојдоа до метод кој наводно секогаш ќе функционира!

Работата е едноставна – додадете малку оцет во водата во која ги готвите јајцата!

Соодносот треба да биде приближно една лажица на четири шолји вода, а се препорачува да се користи обичен бел оцет, никогаш вински или јаболков оцет.

Од научна гледна точка, ова е лесно да се објасни – оцетот може да го раствори калциум карбонатот од кој е направена лушпата од јајцето. Ова ќе ја направи лушпата потенка и затоа ќе биде многу полесно да се лупи.

Овој тест исто така покажа дека потопувањето на јајцата во ледена вода веднаш откако ќе се сварат може да помогне.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *