April 9, 2024

Ако го пробате овој едноставен трик ќе знаете дали имате некаков здравствен проблем. Потребна ви е ладна вода за да откриете дали има проблем со циркулацијата.

Истурете ладна вода во чаша. Ставете ги врвовите на прстите во неа 30 секунди. После тоа време, ќе разберете дали се е како што треба и вака: ако врвовите на прстите ви станат бели или сини, тогаш имате проблеми со циркулацијата.

Осум знаци дека имате слаба циркулација. Вкочанетост на екстремитетите:
Ако ви се случило да ви вкочане раката или ногата – како тој дел од телото да „заспал“, а тоа се случува кога ќе се прекине протокот на крв поради необичната положба во која седиме или лежиме. Ако ова ви се случува често, дури и ако не сте седеле многу, на пример, тоа е знак за слаба циркулација.

Забавување на менталните способности.
Кога циркулацијата на крвта се забавува, се забавуваат и менталните способности.

Губење на апетит. Ова е очигледен симптом. Кога протокот на крв ќе се забави и варењето исто така може да се наруши, тогаш се чувствуваме како да не сме гладни, што всушност значи дека едноставно не добиваме доволно храна.
Постојан замор. Целото тело „паѓа“ на некој начин, поради што се чувствуваме исцрпени. Кога протокот на крв е забавен, крвта нема капацитет да достави кислород, витамини, минерали низ телото како што треба.

Послаб имунитет. Циркулацијата е директно одговорна за одржување на здрав имунолошки систем. Кога циркулацијата е слаба, витамините и минералите кои му се потребни на телото за да се бори против инфекциите не може да се достават доволно брзо или во доволни количини.

Послабо либидо. Кај жените кои имаат слаба циркулација, тоа може да се одрази со неправилни менструални циклуси.
Промена на пигментацијата на кожата. Кога рацете и стапалата не добиваат доволно кислород преку крвта, може да забележите промена во бојата на кожата на нив.

Темни кругови. Ако сте некој кој често има темни кругови под очите, веројатно имате проблем со циркулацијата. За да откриете дали вашите темни кругови се должат на бавниот проток на крв, нежно притиснете ја кожата во областа, вели „Nature’s Heart“.

Решението е умерено да го промените животот, да се занимавате со физичка активност, да бидете поактивни и да се храните здраво. Споменатиот трик можеби нема да „работи“ 100%, но може да покаже дали имате потенцијален проблем со циркулацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *