April 10, 2024

Шеиката Моза бинт Насер е една од најмоќните жени во Катар, пред се затоа што е мајка на сегашниот емир и за неа постои голем интерес низ целиот свет.

Моза бинт Насер е убедливо најдобриот амбасадор на Катар : образована, самоуверена жена и мајка на седум деца. Сепак, не можеме, а да не забележиме дека бевме шокирани во моментот кога откривме дека оваа неверојатна жена има 63 години, бидејќи изгледа половина од тоа.

Неодамна пишувавме за тоа како странските медиуми шпекулираат дека Моза потрошила милиони долари, и дека наводно имала околу 12 операции за да ја зачува младоста. Се вели дека никаде не можат да се најдат стари фотографиите на Моза бинт Насер, бидејќи шеикот ги запалил, но затоа на Јутјуб има видео старо околу 15 години, а на него е Моза.

На неа Моза е облечена скромно, со помалку шминка на лицето и многу попристапен изглед, но луѓето не можат да поверуваат дека за овие 15 години таа воопшто не се променила. Згора на тоа, таа изгледа сосема исто како денес.
Инаку, и мажите и жените одат на пластична операција во Катар, а таму се наоѓаат водечки пластични хирурзи.

„Кога го отворив Центарот во 2001 година, доаѓав по 3 часа дневно и имав само околу 5 пациенти. Сега имам 10 лекари и преку мојата ординација доаѓаат преку 100 пациенти дневно “, изјави пластичниот хирург и основач на Центар за пластична хирургија во Катар.

„На почетокот 90% од клиентите беа женски, а сега 50% од пациентите се машки, а 50% се женски“, рече тој.
Овој доктор вели дека мажите се свесни дека е многу важно да изгледаат убаво, па затоа се подложуваат на пластични операции, бидејќи сакаат да изгледаат помлади и поздрави.

„Со цел да бидат поуспешни, мажите денес работат на својот изглед.
Според него, жените во Доха најмногу инвестираат во зголемување на градите, подигање и намалување на градите, набивање на стомак, контурирање на телото и липосукција.

„ Операциите на носот се вообичаени за речиси сите – и мажи и жени. Сепак, најредовни се оние кои доаѓаат за отстранување на влакна, но и за филери. Луѓето овде се добро образовани и сакаат да изгледаат убаво, а имаат и пари. “ рече овој доктор.

Погледнете колку се промени Моза:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *