July 21, 2024

Според податоците од 2022 година, најсреќните луѓе живеат во овие четири земји, а тоа се Швајцарија, Исланд, Данска и Финска.

Најсреќните луѓе во светот живеат во Швајцарија, Исланд, Данска и Финска , покажуваат најновите податоци од 2022 година.
Изгледа дека студената клима на луѓето најмногу им одговара, нели? Но, што е толку карактеристично за овие земји:

Швајцарија. Оваа земја има систем на директна демократија, што значи дека граѓаните на Швајцарија чувствуваат дека учествуваат во напредокот и развојот на својата земја.
Со оглед на тоа што знаеме дека овде се произведува најдоброто чоколадо во светот, не е чудно што жителите на оваа земја се на самиот врв на листата на најсреќни во светот.

Исланд! Кога Исланѓаните ги прашале што најмногу им се допаѓа во нивната земја, тие рекле: „ Да имаат сосед на кој можат да сметаат“.
Причината за нивната среќа е веројатно тоа што Исланѓаните никогаш не ги запоставуваат своите села и со задоволство се враќаат кај нив секој викенд.
Од друга страна, забележано е дека жителите на оваа земја весело и често поминуваат време со пријателите и роднините.

Данска! Во Данска има великодушност, социјална поддршка, а луѓето живеат среќно и исполнето многу години. Данците внимаваат на обновливите извори на енергија, а истражувањата покажаа дека се презадоволни од работата на владата, но и од учеството на граѓаните во сите аспекти на одлучувањето во земјата.
Данците внимаваат на традицијата. Тие се грижат за својата околина. А најмногу од се, секој внимава на својот сосед.

Прво место – Финска. Финска пет години по ред е земјата во која живеат најсреќните луѓе на планетата.
И зошто е тоа така? Финците ги почитуваат своите наставници, поради што нивното образование е на завидно ниво. Децата кои учат да го почитуваат авторитетот, полесно ги прифаќаат сите обврски што им ги наметнува животот и живеат поскромно.

Финците уживаат во зимското пливање, но и во сауните, а ако ги прашате, ќе ви кажат дека нема поголема среќа од моментот кога ќе се нурнете во чиста вода со мраз.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *