April 18, 2024

Месевте леб и заврши тврд? Нема проблем! Имаме совет за вашето тесто за леб .
Се што треба да направите е да додадете компири во тестото и тоа ќе биде меко и воздушно. Подолу е рецепт за тесто за леб што ќе биде „меко како душа“.

Состојки: 2 варени компири, 500 гр брашно, 7 гр сув квасец, 2 лажички шеќер, 2 лажички сол, 30 гр масло (полна лажица), 230 гр вода.

Подготовка: Најпрво иситнете ги компирите, па ставете ги во микробранова печка околу 10 минути, па изгмечете ги. Во поголем сад измешајте ги компирите, брашното, шеќерот, маслото, солта, квасецот и потоа замесете тесто. Извадете го на набрашнета површина и замесете уште малку, а садот во кој претходно сте го мелеле премачкајте го со масло, па вратете го тестото, поклопете и оставете го да отстои два часа.

Тестото по два часа расукајте го во форма на леб, а потоа исечете го на шест дела. Од секој дел направете мали топчиња и ставете ги на плех обложен со хартија за печење. Потоа покријте го плехот со фолија и оставете го да отстои 20 минути. Печете го на 180 степени половина час и потоа уживајте во мекото тесто. Погледнете како изгледа процесот во продолжение:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *