April 13, 2024

Таа го изгради својот живот онака како што сака и апсолутно според сопствени стандарди, па стана модна икона ширум планетата

Саудиската принцеза Дина Аљухани Абдулазиз е мајка на три деца, таа стана принцеза кога се омажи за Фахад бин Насер бин Абдулазиз.

Својот живот го изгради онака како што сака и апсолутно според сопствените стандарди, па стана модна икона ширум планетата.

Целиот живот имала силна страст за модата и тоа ја довело до уредничка позиција во списанието „Вог Арабија“, но таму не останала долго бидејќи не сакала да прави компромиси со издавач кој не ја разбирал.

Дина има своја модна линија, а во продавниците каде што ги продава своите парчиња инспирација за промена на стилот можат да најдат и клиентите.

Од крајот на шеесетите, жените во Саудиска Арабија се грижат за модата и купуваат уникатни модни парчиња. Не зборуваат за тоа, не го покажуваат на другите, не се фотографираат затоа што се смета за вулгарно – рече таа.

Нејзиниот уникатен моден стил ја дели од другите жени кои се појавуваат во големите модни центри како Париз, Милано и Њујорк.

Нејзиниот стил е кратка коса, мини фустани, ексцентрични комбинации и нагласена женственост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *