July 18, 2024

Приближно секој трет човек во светот страда од висок крвен притисок, а многумина тоа не го ни знаат. Симптомите на таканаречениот тивок убиец често се невидливи.

Треба да се напомене дека високиот крвен притисок го зголемува ризикот од мозочен удар, срцев удар, срцеви заболувања, болести на бубрезите, па дури и васкуларна деменција.

Затоа е многу важно да се грижите за крвниот притисок. За оние со покачени нивоа, здравата исхрана е клучна за да се држи под контрола и да се намали. Исто така, важно е да знаете кои намирници и пијалоци треба да ги избегнувате.

Според нутриционистот Беки Греам, луѓето кои страдаат од висок крвен притисок на прво место треба да го намалат внесот на сол. Препораката на здравствените експерти е дека не треба да јадете повеќе од шест грама сол дневно, што е приближно една кафена лажичка.

Засладените пијалоци, рафинираните јаглехидрати, како што се белиот леб и тестенините, како и обработените и полуготови оброци се исто така опасни за луѓето кои страдаат од хипертензија.

Треба да се намали внесот на кофеин и алкохол, црвено и преработено месо, јадења со заситени и транс-масти, кечап, топли сосови, соја сос и прелив за салата, пренесува Index.hr.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *