April 10, 2024

Сите обожаваат пекарски компир, но постои разлика во подготовката на ова јадење која ќе ве освои засекогаш.

Компирот секогаш го служиме како прилог со главно јадење, со месо или риба или пак го ставаме во салати.
Пекарскиот компир е доживување само по себе, а овој рецепт ќе ве освои.

Состојки: 1 килограм компири; Два лимони; 1 литар вода; 2 лажички оригано; 1 лажички мајчина душица;
2 лажици власец; 2 чешниња лук; 80 милилитри масло за јадење; 3 лажици пченкарно брашнo;
Сол, бибер, мелена пиперка.

Подготовка: Излупете го компирот и исечете го на половина, па ставете го во тенџере, додадете вода и сок од два лимони и варете на средна температура.

Рерната загрејте ја на 200 степени Целзиусови и оставете го празниот плех да се згрее во којшто ќе ги печете компирите.

Во меѓувреме компирот исцедете го и оставете го да се излади. Потоа во компирот додадете масло за јадење, лук, мелена пиперка, и останатите зачини, па на крајот додадете го и пченкарното брашно како тајна состојка која на компирот ќе му даде неодолива крцкавост.

Измешајте ги состојките, па компирот ставете го во рерна да се пече најмногу 40 минути.
На здравје!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *