April 13, 2024

Една од најтрогателните и апсолутно уникатни приказни се случи пред неколку години.
Тој беше маж со полна сила, а таа жена на работ на смртта. До еден момент беа апсолутни странци, а потоа станаа неразделно дуо.

Крис ја покани да живее со него, а таа доброволно прифати.
Едноставно не можев да му го направам тоа на некој како мојата баба – изјави Крис.

Норма имаше 89 години кога нејзиното здравје се влоши и Крис се вклучи за да ја понуди својата помош и нега. Поради повеќе здравствени компликации, како и леукемија, почнаа да ѝ се натрупуваат и медицинските трошоци. Така Крис постави „GoFundMe“ за Норма и донациите почнаа да се слеваат

Кога состојбата и се влошила извесно време поминала на Клиниката за рехабилитација. Нејзиното срце не можеше да издржи, а Крис му кажа на светот.

Со тешко срце ја споделувам веста дека рано утрово светот загуби една навистина инспиративна, убава жена. Норма сега мирно почива во вечноста и иако можеби повеќе не е физички со нас, нејзиниот дух ќе продолжи да ги исполнува срцата на толку многумина.

Можеби трајното наследство на Норма е тоа што нејзината приказна му помогна на светот да го види вистинското значење на љубовта. Норма ме потсети дека сите сме создадени да сакаме и дека сите сакаме да бидеме сакани, напиша Крис по нејзината смрт.

Иако има и такви кои веруваат дека Крис ова го направил само за пари и внимание на јавноста, многу странски медиуми ја пренесоа веста и ја објавија како една од најубавите приказни во последните години.

Норма среќна си замина од овој свет, а Крис стекна многу обожаватели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *