April 18, 2024

Не знам како сум жива“, биле првите зборови на една Аргентинка која се онесвестила на станицата на метрото во Буенос Аирес и паднала под воз во движење .

Целата случка ја снимиле надзорните камери, па сите останати се прашуваат истото – навистина, како успеала да остане жива?

Жената, која медиумите ја идентификуваа само како Кандела, изгубила рамнотежа и паднала од платформата на метро станицата „Индипенденс“ во Буенос Аирес, Аргентина.

На видеото од април, кое сега стана вирално на социјалните мрежи, може да се види како Кандела полека губи рамнотежа, се наведнува напред и се тетерави кон возот, кој во тој момент се вовлекува во станицата.

Жената имала „среќа“ затоа што паднала во празнината меѓу два вагона и завршила на шините, а гледачите кои случајно се нашле на лице место останале шокирани.

Кандела за чудо преживеала и додека патниците се гужвале наоколу, таа седнала, а потоа легнала на платформата пред да биде одведена во амбулантно возило.

Кога се опоравила, таа за локалните медиуми изјавила дека крвниот притисок наеднаш и паднал и се онесвестила.

„Се обидов да ја предупредам личноста пред мене, но повеќе не се сеќавам на ништо, дури ни моментот кога паднав под возот. Не знам како сум жива. Се уште се обидувам да го сфатам тоа“, рече таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *