April 9, 2024

Нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал неодамна се ожени, а Емина откри дека никогаш толку долго не била без нова љубов.

За мене се пишуваше многу, најмногу во Турција. Мојот приватен живот беше посветен само на децата, а таму пишуваа дека сум бил ваква и онаква.. Научив да го претворам притисокот во нешто креативно. За мене озборувањето е криминално однесување, како и пресуди и кога не знаеш нешто за некого.

Тоа е пред се голем грев. Не велам дека ќе бидам лажго, но вие нема да имате право да ја знаете мојата вистина. Ништо нема да биде исто после оваа песна. Во последната сцена од спотот се раѓа фетус, некој посилен и постабилен – истакна пејачката.

Нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал неодамна се ожени, а Емина откри дека никогаш толку долго не била без нова љубов.

Моментално не сум во долга врска, ова никогаш не ми се случило. Тоа не значи дека никој не ми се додворува. Скоро приватно се случи мојот поранешен сопруг да се ожени, јас требаше да бидам таа што ќе им посвети повеќе време на децата.

Навистина му посакувам многу среќа, секогаш ќе ми биде пријател и татко на моите деца, но да се фрлив на забавата, децата ќе останеа настрана.

Кога ќе се заљубам, знам да се лизнам, па се контролирам. Сакам да им се посветам. Останатото ќе си дојде природно. Чудно ми е што помина толку време, се надевам дека ќе најдам сродна душа – додала пејачката во една емисија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *