April 16, 2024

Секој родител сака неговото дете да има што помалку настинки. Меѓутоа, во оваа желба често се прават грешки, па со најдобра намера создаваат контраефект за здравјето на нивните малечки.

Постојат три работи што ги прават повеќето родители, а кои всушност го ослабуваат имунолошкиот систем на детето. Еве за што се работи:

Премногу го облекуваат. Иако сите се грижат детето да не настине и да не се разболи, педијатрите објаснуваат дека со тоа има повеќе штета отколку корист. Како по правило, на бебињата и на малите деца им треба еден слој облека повеќе од нас. И кај поголемите деца ова не е потребно, нека се облекуваат како тебе.

Кога престојуваат во затворени простории, децата не треба да бидат премногу топло облечени. Со оглед на тоа дека се многу активни, ако се дебело облечени, ќе се прегреат и ќе се потат, а во таа ситуација децата се поподложни на настинки.

Прекумерна дезинфекција. Секој родител се грижи за хигиената на своето дете и тоа е нормално, но претерувањето и чувањето на површините стерилни може дури и да му наштети на детето. Ваквиот начин на одржување на хигиената го оневозможува зајакнувањето на имунитетот на детето, со што детето станува уште почувствително на потенцијални болести.

Избегнувате да одите надвор на ладно време. Многу родители веруваат дека ако детето поминува што помалку време надвор во зимските денови, ќе избегне настинка. Вистината е дека го правите токму спротивното. Колку и да е ладно надвор, има повеќекратни позитивни ефекти врз детскиот имунитет.

Свежиот воздух благотворно ќе делува на респираторниот тракт на детето и ќе ја зајакне отпорноста на организмот и затоа детето ќе биде поотпорно, а доколку навистина дојде до настинка полесно ќе се поднесе.

Секако, ако надвор е ладно, детето треба да биде соодветно облечено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *