April 9, 2024

Јаде само зеленчук, овошје и семиња.

Лариса Артеага (28) од Калифорнија стана веганка која јаде само сирова храна за да си го подобри здравјето. Таа тврди дека била шокирана кога видела како другите околу неа јадат тела на мртви животни.

Таа вели и дека многу месо, особено свинското, имаат паразити. Лариса го „детоксирала“ своето тело од производи од животинско потекло користејќи билни формули.

Својата промена во исхраната ја започнала пред пет години бидејќи имала преддијабетес со отпорност на инсулин, висок холестерол, акни и се борела со депресија.

Таа го откри сировото веганство во 2017 година. Ваквата диета подразбира не купување или користење производи од животинско потекло , ниту консумирање термички обработена храна, бидејќи температурата наводно ги уништува ензимите.

Исхраната на Лариса главно се состои од овошје, салати, суров зеленчук, јаткасти плодови и семки.
По две недели на сирова веганска исхрана, Лариса тврди дека можела да престане да ги зема лековите, нивото на енергија и се зголемило и нејзиното расположение се подобрило.

„По само две недели од новиот начин на живот, почнав да чувствувам итно ослободување од моите симптоми и на крајот ги променив сите мои медицински состојби, престанав да земам лекови и сега сум најздрава во мојот живот“, рече Лариса.

„Бев на работ да станам дијабетичарка и беше предодредено да пијам лекови до крајот на мојот живот, и повеќе од една деценија се борам со акните што ме доведоа во депресија – и конечно најдов начин да го сменам сето тоа додава таа.

Сепак, промената на Лариса негативно влијаеше на нејзиниот однос со семејството и пријателите бидејќи таа често се обидува да ги убеди да ја променат исхраната – сепак, многумина околу неа одбиваат да го променат начинот на живот.

.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *