April 16, 2024

Познато е дека грижата за бебе не е воопшто лесна работа, а тоа го потврдила и оваа баба.

Погледнете како тоа го направи бабата Валери Шарп, која насмеа многумина кога го погледнаа видеото од безбедносната камера објавено пред неколку години на кое таа ја ниша својата внука во креветче.

Валери како и секоја вечер дојде да го чува малото, но овој пат беше поинаку.
Валери е прилично ниска и постави стол за да ја смести Лола во креветот.

Откако изгубила рамнотежа, таа сама паднала во креветчето .

За среќа, бебето остана неповредено, а бабата преку ноќ стана интернет сензација кога нејзината ќерка објави видео на социјалните мрежи.

„Реков да не објавуваат, но знаете како е младите денес, тие прават сè спротивно од она што го кажуваме“, се пожали Валери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *