April 16, 2024

Рецептот за кремаста торта со гриз и јаболка ќе ви биде еден од омилените, бидејќи колачот брзо се подготвува, а уште побрзо се јаде.

Овој колач со гриз и јаболка особено се разликува од другите, бидејќи е многу кремаст, бидејќи има богат фил одозгора. Многу едноставно се прави, а вкусот му е неодолив.

Состојки:200 гр гриз, 200 мл ладно млеко, 3 јајца, 200 гр. шеќер, 100 мл масло, 1 ванилин шеќер, 200 гр. мелени ореви, 3 лажици брашно, 1/2 прашок за пециво, 3 големи рендани јаболка, 500 мл слатка павлака

Подготовка: Во сад сипете гриз, па додадете го млекото, измешајте и оставете го да отстои околу 10 минути. Во посебен сад истурете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер, па изматете ги со миксер. Додадете масло и измешајте, па додајте ги оревите, брашното и прашокот за пециво.

Потоа во смесата додадете ги ситно изренданите јаболка и гризот (натопен во млеко). Сето се меша со рака, па се става во плех обложен со хартија за печење. Загрејте ја рерната на 180 степени и печете околу 25 минути.

Откако ќе се испече, разредете го колачот, да се извади еден слој, односно да се исече. Остатоците што ги извадивме од колачот издробете ги и додајте ги во претходно изматената слатка павлака и мешајте додека не се соединат.

Потоа, добиената смеса ставете ја на кората и убаво премачкајте ја. За декорација, преку филот можете да изрендате чоколадо или да посипете мелени ореви. Исечете го колачот на коцки и послужете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *