April 13, 2024

Шетајќи по улица често можеме да наидеме на необични, интересни или тажни ситуации, а често се случува ние да сме нивни актери.

Имено, една белграѓанка на својот Твитер профил сподели тажна сцена која и се случила на автобуската станица додека чекала превоз.

Денеска додека го чекам автобусот, се наближува дедо што живее на истиот кат во зградата. И така малку позборувавме, беше околу 10 часот. Пристигнува автобусот и јас го пропуштам да влези, а тој вели: А не, само сакав да разговараме малку, од сабајле не сум разговарал со никого. Живеам сам, 1939 година роден, деца расфрлани низ светот – напишала таа.

Тажните зборови што ги кажа ја расплакаа, а нејзиниот твит предизвика коментари, но многумина ги растажи, па дури и потсети на најблиските.

Десет минути на станицаата им е можеби единствениот жив збор. Постојат студии кои покажуваат дека осаменоста негативно влијае на здравјето на луѓето. Тоа е изразено кај повозрасната популација – стои во еден од коментарите, додека во другиот гласи:

Луѓето често се прашуваат зошто постарите чекаат ред пред поштата, банка, здравствениот дом… Тоа е можност да се дружат и малку да поразговараат.
Белграѓанката која го објавила твитот додала дека дедото е „многу добар и фин“ и дека и било многу тешко кога го кажал тоа.

Многумина ги оставаат родителите, одат во странство и не комуницираат – коментира еден корисник и додаде:
Староста е тешка и осамена. Со оваа приказна ме потсетивте на мојот покоен дедо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *