April 13, 2024

Ајкулата кога ја видела рибата ја извадила главата од водата, но кога решила дека нема ништо привлечно, се свртела, удрила во чамецот и си заминала.

Група рибари од Австралија се нашле лице в лице со еден од најголемите „морски предатори“. Додека крстареле по океанските води на брегот на југоисточен Квинсленд налетале на – ајкула!

Имено, група момци ловеле риба со конец кога голема бела ајкула се приближила до чамецот .

Како што можете да видите на видеото, тие користеле риба како мамка, па се сомнева дека тоа е причината поради која овој опасен предатор им се приближил.

Ајкулата кога ја видела рибата ја извадила главата од водата, но кога решила дека таму нема ништо привлечно, се свртела, удрила во чамецот и си заминала.

На самиот крај од видеото кое кружи на социјалните мрежи, може да се види како ајкулата се оддалечува и исчезнува во длабочините на океанот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *