April 15, 2024

Доколку мислите дека таква енергија е присутна во вашиот дом, веднаш преземете акција
Секој од нас има своја енергија која се задржува во местата каде што престојуваме и во предметите што ги користиме.

Нашите домови се места каде што се среќаваат различни енергии, некои од нас самите, некои од членовите на семејството.

Негативната енергија предизвикува стрес, здравствени и финансиски проблеми и лоши чувства.
Доколку мислите дека таква енергија е присутна во вашиот дом, веднаш преземете акција.

Направете го следново: Во проѕирна чаша ставете морска сол (солта треба да зафаќа 1/3 од чашата). По солта, во чашата истурете 1/3 ладна вода и 1/3 бел оцет. Ставете ја чашата во просторија каде што мислите дека се собира негативна енергија.

Откако ќе ја ставите чашата, никој не смее да ја допира во следните 24 часа. Ако течноста во чашата е во иста состојба како што сте ја оставиле, можете да здивнете, нема негативна енергија во таа просторија.

Но, ако забележите меурчиња во чашата или течноста се замати, очигледно е дека имате проблем. Откако течноста во чашата ќе ја впие негативната енергија, истурете ја течноста во поголема чаша и истурете ја во канализација. Постапката повторувајте ја секој ден додека течноста во чашата не стане бистра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *