April 18, 2024

Неговата кариера кон крајот на осумдесеттите и деведесетите беше во полн ек и тој беше еднa од главните фаци во Холивуд.

Роден е како Николас Ким Копола во 1964 година, а познатиот режисер Френсис Форд Копола (Кум I, II и III, Apocalypse Today, Дракула) му е вујко, а како што сакаше да се пробие во Холивуд, зеде друго презиме .

Глумеше во филмови како Moonlight со Шер, Vampire’s Kiss, Wild at Heart, Leaving Las Vegas „Face Off“ со Траволта, потоа „Rock“ со Конери, „Con Air“…

Му предвидувале блескава кариера, но ексцентричен каков што е, попатно малку се изгубил, па парите (околу 150.000.000 долари) несакајќи ги потрошил на многу бизарни работи, кои дополнително го турнале на големи долгови, а со цел за да ги исплати, прифаќаше буквално какви било улоги и со даночната сметка постојано над глава, мораше да се повлече од јавната сцена и оттогаш најмногу го гледаме во независни (инди) филмови.

Како актерот влезе во огромни долгови? Имено, тој купил недвижен имот низ целиот свет (што е разбирливо), потоа остров и куп автомобили, но во Холивуд тоа некако се зема здраво за готово.

Сега доаѓаме до бизарните работи: тој купуваше смалени глави на пигмејците, черепи од диносауруси, гробница во форма на пирамида висока три метри во која сака да биде погребан во Њу Орлеанс, октопод кој наводно му помага да дејствува. Има бројни збирки на стрипови, а меѓу нив е и првиот број на Супермен, што не треба да чуди бидејќи актерот бил фасциниран од овој супер херој, па дури и неговиот син се вика Кал-ел.

Актерот сега ги отплати сите свои долгови, а луѓето ширум светот го обожаваат и ги фалат неговите вештини, иако често е критикуван поради изборот на многу помлади партнери.

Моментално е во брак со Рико Шибате (27) со која на почетокот на септември годинава добија дете.

Пред Рика, тој беше во брак со шминкерката Ерико Коике (37) и само 4 дена во 2019 година бидејќи се плашеше дека неговата избраничка ќе му земе половина од имотот.

Потоа беше во брак со келнерката Алис Ким (36) од 2004 до 2012 година, потоа со ќерката на Елвис Присли, Лиза Мари од 2002 до 2004 година и со актерката Патриша Аркет од 1995 до 2001 година.

Ако до сега не сте погодиле, тоа е еден и единствен – Николас Кејџ . Фотографиите на кои не личи на себе се направени на снимањето на филмот во Торонто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *