February 23, 2024

Бразилската убавица Жизел Бундхен беше „тивкото страдање“ на мажите ширум светот. Во еден момент таа беше најплатената манекенка на светот и се чинеше дека навистина има се – слава, убавина, пари.

Но, нејзиниот живот не бил толку гламурозен како што изгледал на прв поглед… Сега 41-годишната убавица за британското издание на „Вог“ изјавила дека се бори со страшна вознемиреност.

„Во моите четириесетти се чувствувам подобро отколку во дваесетите, а не само физички, бидејќи ни беше кажано дека животот завршува во четириесеттите, а јас сум само на почетокот“, ја започнала приказната убавицата, истакнувајќи дека „Однадвор се чинеше дека има сè, а имаше само 22 години“.

„Внатре се чувствував како да го допрев дното, денот го започнав со фрапучино со шлаг и три цигари, а секоја вечер пиев по едно шише вино. Замислете што ми направи тоа.

Жизел вели дека година и пол се соочувала со ужасни напади на паника и анксиозност, а потоа сфатила дека мора да направи нешто. Потоа отишла на натуропат, го променила начинот на живот, престанала да пуши, да пие алкохол, кофеин, но и да консумира млечни производи.

„Мислам дека тогаш ги имав најлошите мигрени во животот“, вели поранешната супермоделка и додава дека му се пожалила на натуропатот дека и било тешко да се навикне на новиот режим, но едно прашање ја отрезнила во миг.

„Се сеќавам дека само ме праша: „Па, добро, дали сакаш да живееш?“ Беше толку едноставно.
Три месеци откако ги променила животните навики, таа вели дека нападите на паника исчезнале, а потоа почнала да се буди во пет наутро за да медитира. Сега се залага за здрава исхрана, но и грижа за телото, умот и духот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *