June 25, 2024

Една корисничка на Јутјуб објави како чува месо, без струја или замрзнувач.
Открила рецепт за месо во тегла. Корисничката тврди дека на овој начин може да чува месо и до една година.

Меса кои најдобро се подготвуваат на овој начин: свински врат, свински бут и свински стомак.
Состојки:Месо, вода, 150 гр сол, Бибер во зрна, Тегли, Чешне лук

Подготовка: Исечете го месото на помали парчиња, а потоа подгответе ја маринадата. Во поголемо тенџере сипете вода, посолете и ставете го на шпорет да зоврие. Потоа во тегли ставете зрна бибер, наредете и додадете лук.

Кога водата ќе зоврие, истурете ја во теглите со месото, па затворете ги со капак.Земете поголемо тенџере, ставете голема крпа внатре и наредете ги теглите во него. Потоа сипете вода во тенџерето со теглите, покријте го и ставете го на шпорет да се вари околу 3 часа.

По 3 часа готвење извадете ги теглите од тенџерето и оставете ги да се изладат, а потоа чувајте ги на ладно и темно место до употреба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *